Sri Chinmoy
Sri Chinmoy

Aphorism

Шри Чинмој е духовен учител кој го посвети својот живот во служење на човештвото. Во неговите 43 години поминати на Запад, настојуваше да го инспирира и да му служи на човештвото со неговите душевни придонеси – неговите молитви и медитации, литературни, музички и уметнички дела.

Се надеваме дека едноставноста, чистотата и светлината на придонесите на Шри Чинмој ќе ве инспирираат на оваа страна.


 

                                        Шри Чинмој


ИЗБРАНИ СОДРЖИНИ

Служење
Аспекти на активностите на Шри Чинмој. Шри Чинмој го посвети својот живот на потрагата по хармонија и единство меѓу луѓето и различните култури. Динамично ја следеше таа визија преку уметноста, спортот и хуманитарното служење.

Шри Чинмој Единство-Дом Трка на Мирот
Трката на мирот е глобална штафета, основана од Шри Чинмој, која има за цел да го промовира меѓународното пријателство и разбирање. Луѓе од сите националности, вери и традиции се подготвени да учествуваат во овој настан уште од нејзиното основање во 1987 година.

Љубезни зборови 
Љубезни зборови: Шри Чинмој се сретна со многу светски лидери, амбасадори и достоинственици за да ги сподели своите аспирации за подобар свет. Избор на љубезни зборови и признанија од различни сфери на животот.

Биографија за Шри Чинмој
Кратка биографија за Шри Чинмој. Шри Чинмој е роден во Индија а дојде на Запад во 1964 година. Шри Чинмој живееше во Њу Јорк се до неговото Махасамади во 2007 година.


ИНСПИРАЦИЈА

Видеа со Шри Чинмој
Видеа со Шри Чинмој: Различни активности на Шри Чинмој. Вклучувајќи медитација, разговори, концерти и други уметнички активности.

Музика на Шри Чинмој
Радио Шри Чинмој: Аудио записи од медитативната музика на Шри Чинмој и други изведувачи.

Медитација во тишина: Видео
Медитација во тишина со Шри Чинмој. Слушај ја тишината внатре во тебе и научи ја древната уметност на медитацијата на Шри Чинмој ТВ.


ИЗБРАН АФОРИЗАМ

Мојата крајна цел е моќта на љубовта
да ја замени љубовта за моќ
во секој поединец.
Мојата крајна цел е целиот свет
да чекори заедно во мир и единство.

–Шри Чинмој


ИЗБРАНИ СТРАНИ

Медитација
„Од духовна гледна точка, секој трагач е почетник. Почетник е оној кој има внатрешен поттик да расте во нешто уште побожествено, уште попросветлувачко и уште поисполнувачко. Во моментот кога ќе сакаш да направиш постојан и континуиран напредок, во моментот кога ќе сакаш да се надминеш себе и да влезеш во секогаш-надминувачкото Отаде, во тој момент ќе станеш вечен почетник.“ (Прочитај повеќе)

Извадок од „Како да започнеш со медитација“​
 

Биди среќен
„Биди среќен наутро со тоа што го имаш. Биди среќен навечер со тоа што си. Биди среќен. Не се жали. Кој се жали? Слепиот просјак во тебе. Кога се жалиш, танцуваш во калта на незнаење-условот. Кога не се жалиш, сите услови на светот се пред твоите стапала, а Бог ти дава ново име: тежнение. Тежнението е врвното богатство во светот на светлината и блаженството.“ (Прочитај повеќе)

Извадок од „Песни на душата“, Агни Прес, 1971
 

Неблагодарност и благодарност
„Неблагодарност не е нашата неспособност да ги препознаеме подароците што ги примаме од другите. Неблагодарност е нашата намерна неволност да ги препознаеме подароците што ги примаме од другите. Благодарност е приемливост, приемливоста што ги препознава подароците на другите, љубовта и грижата на другите. Секој пат кога ќе израземе благодарност, ги прошируваме нашите срца.“ (Прочитај повеќе)

Извадок од „Моите латици од роза“, Дел 6, Агни Прес, 1976
 

Свест
„Свеста е внатрешната искра или внатрешната врска внатре во нас, златната врска внатре во нас што го поврзува нашиот највисок и најпросветлен дел со нашиот најнизок и најнепросветлен дел. Свеста е врската помеѓу Небото и земјата.“ (Прочитај повеќе)

Извадок од „Врвовите на Бог-Живот: Самади и Сиди“, Агни Прес, 1974